За нас
Одлуката за избор на работното место неговател-приправник во ЈОУДГ “Гонча Туфа“-Крушево
КРАТКА БИОГРАФИЈА
За ЈОУДГ “Гонча Туфа“-Крушево
Податоци за одговорното лице на ЈОУДГ “Гонча Туфа“-Крушево:
-ВД Директор Даниела Доага тел. 078/834-053,
ЈОУДГ “Гонча Туфа“- Крушево започна со работа на 15.10.1981 година. Основниот мотив при отворањето на градинката беше згрижување, престој, нега и исхрана на децата како и организирање и реализирање на воспитно-образовни активности во неа.
Проектираниот капацитет на детската градинка е за 120 деца, кои се згрижени во 6 воспитни групи во зависност од возраста на децата. Искористеноста на капацитетот е скоро максимална, при што на децата му се нуди програма прилагодена според најновите трендови и научни сознанија од областа на раниот детски развој.
Занималните во кои престојуваат децата се пространи и ги задоволуваат стандардите за остварување на програмите од воспино-образовниот процес. Истите се опремени со мебел и опрема прилагодена на возраста на децата. Постои голем избор на нагледни средства за работа, играчки, училишни материјали и разни катчиња за активности. Секоја занимална има своја тераса, којa е пространа и уредена со жардињери и цвекиња.
Градинката е направена и уредена по мерка на детето и во неа детето се чувствува среќно, сигуро и заштитено. Во градинката детето низ игра учи, расте и се развива.
Градинката претставува пријатно престојувалиште каде детето се чувствува радосно и среќно.
Градинката поседува голема дворна површина заградена со метални огради, за да децата се чувствуваат безбедно. Дворот е затревнет и уреден со цвекиња, листопадни, зимзелени дрвја и детски реквизити како на пример нишалки, лизгалки, клацкалици, вртелешки.
Во склопот на детската градинка како посебна работна единица е регистриран Центар за ран детски развој РАЗВИГОРЧЕ во населеното место Бучин, кој отпочнa со работа од месец февруари на 2023 година. Проектираниот капацитет на Центарот е 48 деца на возраст од 3-6 години. Центарот е опремен со најсовремена опрема и инвентар и располага со современи нагледни средства за работа со деца на таа возраст, согласно современите научни педагогошки и психолошки достигнувања.
Органограм